Студентите од Правниот факултет при Универзитетот ,,Гоце Делчев” Штип во посета на Врховниот суд [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Студентите од Правниот факултет при Универзитетот ,,Гоце Делчев” Штип во посета на Врховниот суд

Соопштенија за јавност  |  09.5.2025
Група од 14 студенти од Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип заедно со професорката доц. д-р Милица Шутова на 09 мај 2025 година остварија едукативна посета на Врховниот суд на Република Северна Македонија.

Во рамки на посетата, студентите имаа можност да се запознаат со начинот на функционирање и организационата поставеност на Судот, да ги посетат судниците и судските писарници и Службата за информатика. Студентите разговараа со претставници од Одделот за граѓански дела и Одделот за судска практика со цел да се информираат за работата и надлежностите на Судот, движењето на предметите, правните лекови по кои постапуваат четирите оддели, а посебен интерес покажаа за работата на судските советници, стекнување знаења во судовите преку практикантска работа и кариерните можности за младите правници.

Во Кабинетот на ВД Претседателот, студентите беа примени од Заменикот на ВД Претседателот, судијата Цветанка Периќ, со која имаа можност да поразговараат за значењето и одговорноста на судиската професија. Судијата Цветанка Периќ укажа на важноста на едукацијата и напорната работа, како единствен пат на градење на правници со кредибилитет, визија и интегритет, посакувајќи им успех во натамошниот тек на студиите.

Посетата на студентите овозможува пред се, поврзување на теоретското знаење кое студентите го стекнуваат на Правниот факултет, со непосреден увид во работната атмосфера на Врховниот суд, со цел подобра и поквалитетна наобразба.

Професорката Шутова се заблагодари на организираната посета на Врховниот суд и на сите корисни информации кои ги добија студентите и кои можат да бидат поттик за овие млади идни правници да ги имаат своите правнички почетоци токму во судските институции.

На крајот на средбата, беа повторени заложбите на Врховниот суд на Република Северна Македонија за интензивна соработка со образовните институции и ставање на располагање на капацитетите на Судот во едукативни цели со цел приближување на највисоката судска инстанца до младите правници.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_