Учество на Годишната конференција на претседатели на Врховни судови од Централна и Источна Европа [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Учество на Годишната конференција на претседатели на Врховни судови од Централна и Источна Европа

Соопштенија за јавност  |  09.6.2025
Делегација од Врховниот суд на Република Северна Македонија, составена од ВД Претседателот на Судот, д-р Џемали Саити и судијата д-р Мирјана Лазарова Трајковска, присуствува на Годишната конференција на претседатели на Врховни судови од Централна и Источна Европа која се одржува на 09 и 10 јуни, 2025 година во Валона, Република Албанија.

Конференцијата организирана од страна на Врховниот суд на Република Албанија во соработка со CEELI Институтот, е еден од најзначајните судски настани во регионот и претставува форум за дискусија за важни прашања од областа на правосудството, владеењето на правото и судската независност.

Довербата на јавноста во судството, предизвиците пред кои се исправени Врховните судови во обезбедувањето на унифицирано толкување на законите и користењето на дигиталните алатки во служба на ефикасна правда, се дел од темите одбрани за дискусија и заедничка анализа на присутните претседатели на судови и судии од највисоките судови во регионот, со цел размена на најдобри практики и искуства.

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_