Соопштение за одржување на седница на Оддел за граѓански дела [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за одржување на седница на Оддел за граѓански дела

Соопштенија за јавност  |  03.7.2025
Врховниот суд на Република Северна Македонија ќе одржи седница на Одделот за граѓански дела на ден 07.07.2025 година (понеделник), со почеток во 11,30 часот, со следниот предлог на

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

 

1. Усвојување на Записник од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 09.06.2025 година;

2.Разгледување и усвојување на Извештајот за движење на предметите во Одделот за граѓански дела за мај 2025 година;

3. Продолжување со расправа заради воедначување на различната судска практика на советите на Врховниот суд на Република Северна Македонија по правното прашање за застареност на барање за надомест на штета причинета со кривично дело кога кривичната пријава е отфрлена поради апсолутна застареност на кривично гонење;

4. Утврдување текст и усвојување сентенци по предметите Рев2-177/23 и Р-59/25;

5. Расправа заради воедначување на различна судска практика на советите на Врховниот суд на Република Северна Македонија по правното прашање, дали ревизијата на замешувачот треба да се отфрли како недозволена согласно член 380 од Законот за парничната постапка во случај кога странката на која и се придружил замешувачот не поднела ревизија, или предметот да се врати административно, да се повика странката да се изјасни дали го прифаќа поднесениот правен лек, па ако не се изјасни или изјави дека не го прифаќа, ревизијата да биде отфрлена;

6.Разно;

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_