Претседателот на Врховниот суд оствари средба со Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Претседателот на Врховниот суд оствари средба со Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје
Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија Африм Фидани, денес одржа работна средба со Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Амбасадорот Килијан Вал. На средбата присуствуваа и Шефот на Одделот за владеење на правото на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, г-а Русудан Табатадзе и судијата Цветанка Периќ, Заменик на Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија.
На средбата се разговараше за зајакнувањето на владеењето на правото и унапредувањето на судските реформи, со посебен фокус на интегритетот и транспарентноста на судовите. Воедно се дискутираше и за предизвиците со кои се соочува Врховниот суд на Република Северна Македонија, односно проблемот со недостиг на судиски и стручно-административен кадар и потребата за финансиска самостојност како предуслов за успешно и ажурно постапување по работите на судовите.
Претседателот Фидани изрази длабока благодарност за континуираната експертска поддршка што ОБСЕ ја дава на македонското судство, а двете страни ја потврдија својата заложба за продолжување на конструктивната соработка.