Поздравен говор на ВД Претседателот, д-р Џемали Саити на Годишната конференција на судии на Република Србија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Поздравен говор на ВД Претседателот, д-р Џемали Саити на Годишната конференција на судии на Република Србија

Новости  |  23.5.2025
Делегација од Врховниот суд на Република Северна Македонија, составена од ВД Претседателот на Судот, д-р Џемали Саити и судијата Шпенд Деваја, претседател на Одделот за граѓански дела, на покана на претседателот на Врховниот суд на Република Србија, Јасмина Васовиќ, присуствува на Годишната конференција на судиите која се одржува од 22 до 24 мај, 2025 година во Врњачка Бања, Република Србија.

ВД Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, д-р Џемали Саити во поздравниот говор го потенцираше значењето на ваквите пошироки средби и советувања, како форум за развивање на соработката и пријателските односи помеѓу претставниците на правосудствата на соседните земји, размена на искуства и добри практики за унапредување на работата и функционирањето на судовите.

Конференцијата „Судски денови – 2025“, која традиционално се одржува секоја година, опфаќа повеќе тематски семинари од кривично-правна, граѓанско-правна и управно-правна област, со цел да се овозможи заедничка анализа на одбрани прашања од правните системи на земјите од регионот, легислативата и судската практика, како и степенот на усогласеност со европските и меѓународните стандарди со цел зајакнување на капацитетите на судството и обезбедувањето на ефикасни судски системи.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_