Поздравен говор на ВД Претседателот, д-р Џемали Саити на Годишната конференција на судии на Република Србија
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Поздравен говор на ВД Претседателот, д-р Џемали Саити на Годишната конференција на судии на Република Србија
ВД Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, д-р Џемали Саити во поздравниот говор го потенцираше значењето на ваквите пошироки средби и советувања, како форум за развивање на соработката и пријателските односи помеѓу претставниците на правосудствата на соседните земји, размена на искуства и добри практики за унапредување на работата и функционирањето на судовите.
Конференцијата „Судски денови – 2025“, која традиционално се одржува секоја година, опфаќа повеќе тематски семинари од кривично-правна, граѓанско-правна и управно-правна област, со цел да се овозможи заедничка анализа на одбрани прашања од правните системи на земјите од регионот, легислативата и судската практика, како и степенот на усогласеност со европските и меѓународните стандарди со цел зајакнување на капацитетите на судството и обезбедувањето на ефикасни судски системи.