Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија

Новости  |  28.10.2025
Врховниот суд на Република Северна Македонија на ден 27.10.2025 година, одржа Општа седница со следниот:

 

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

 

1. Расправа по барање за утврдување на начелен став и начелно правно мислење поднесено од Претседателот на Основен суд Велес.

2. Расправа по иницијатива за утврдување начелно правно мислење, поднесена од адвокат Наташа Бошкова од Скопје.

3. Расправа по иницијатива за утврдување начелно правно мислење, поднесена од адвокат Зоран Стојановски од Тетово.

4. Расправа по иницијатива за утврдување начелен став и начелно правно мислење, поднесена од  адвокат Дарко Карев од Тетово.

5.  Одлучување по Барање за заштита на законитоста против пресуда на Вишиот управен суд, поднесено од Дрдо Рехан од Гостивар.

6. Давање мислење по Предлог на Закон за пробација, доставен од Министерството за правда.

 

По одржаната расправа, Општата седница:

По првата точка од дневниот ред, утврди начелен став по барањето поднесено од Претседателот на Основен суд Велес.

По втората точка од дневниот ред, донесе заклучок со кој иницијативата за утврдување на начелно правно мислење, поднесена од адвокат Наташа Бошкова од Скопје, не се усвојува.

По третата точка од дневниот ред, донесе заклучок со кој иницијативата за утврдување на начелно правно мислење, поднесена од адвокат Зоран Стојановски од Тетово, не се усвојува.

По четвртата точка од дневниот ред, донесе заклучок со кој иницијативата за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од адвокат Дарко Карев од Тетово, не се усвојува.

По петтата точка од дневниот ред, донесе решение со кое барањето за заштита на законитоста против пресуда на Вишиот управен суд, поднесено од Дрдо Рехан од Гостивар, се отфрла како недозволено.

По шестата точка од дневниот ред, даде позитивно мислење по Предлог Законот за пробација, со соодветни предлози.

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_