Амбасадорот Рокас, официјално го предаде Извештајот на Европската Комисија, на претседателот Фидани [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Амбасадорот Рокас, официјално го предаде Извештајот на Европската Комисија, на претседателот Фидани

News  |  Nov 5, 2025
Амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Н.Е. Михалис Рокас, денеска на Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Африм Фидани, во присуство на сите судии на Врховниот суд, официјално го предаде Извештајот на Европската Комисија за Република Северна Македонија за 2025 година.

Амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Н.Е. Михалис Рокас, денеска на Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Африм Фидани, во присуство на сите судии на Врховниот суд, официјално го предаде Извештајот на Европската Комисија за Република Северна Македонија за 2025 година.

Претседателот Фидани, изразувајќи благодарност до амбасадорот Рокас за официјалното предавање на Извештајот во највисокиот суд во државата, истакна дека Врховниот суд е посветен на враќање на довербата на граѓаните во судството и  исполнување на европските стандарди во областа на владеењето на правото. Потенцираше дека дадените констатации се патоказ и насока за преземање и планирање на идните чекори во развојот на судскиот систем во Република Северна Македонија. Во своето обраќање истакна „Поширока институционална соработка меѓу трите власти е неопходна. Ниту една власт не може да биде над другата, а посебно ниедна над правото и правдата. Согласни сме дека се потребни стратешки одлуки и јасна домашна реформска агенда за да се обезбеди реален и одржлив напредок, да се одржи владеење на правото, особено преку судската независност и интегритет“.

Амбасадорот Рокас во пренесување на препораките нотирани во Извештајот, покрај другото истакна дека ограничените финансиски ресурси кои се доделуваат на судството, недостигот од кадровски капацитети и потребата од осовременување на АКМИС системот, влијаат врз квалитетот и ефикасноста на правосудниот систем. Наведе дека пораката е силна, се очекува напредок во делот на борбата со корупцијата и отстранување на политичките влијанија во судството, кои претставуваат сериозен проблем, а Извештајот да послужи како силен поттик за забрзување на реформите.

На крајот на средбата взаемно се потврдија заложбите за континуирана поддршка што Европската Унија ја обезбедува за македонското судство во градење на патот кон силен, независен и професионален судски систем во интерес на сите граѓани и во духот на европските вредности.

   


Decision search

Court
Case number
Date
_