Посета на претставници на Секретаријатот на Партнерство за отворена власт
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Посета на претставници на Секретаријатот на Партнерство за отворена власт
На средбата, ВД Претседателот говореше за активностите на Врховниот суд на Република Северна Македонија кои обезбедуваат отвореност на судот, подобрување на електронскиот судски портал, подобрување на односите со јавноста, квалитетот и достапноста на податоците и информациите, како дел од заложбите на Советот за отворено судство во согласност со Декларацијата за отворено судство. Беа споделени информации за состојбата во исполнување на заложбите од Акцискиот план на Советот за отворено судство 2024-2026 година, потребата од дефинирање на приоритети, но и за потребата од финансиска поддршка во остварување на зацртаните цели и заложби на Советот.
На крајот на средбата беше нагласено значењето за вклученоста на судската власт во глобалната иницијатива на Партнерството за отворена власт, со цел обезбедување квалитетни јавни услуги за граѓаните, во чија служба е судството.