Соопштение од одржана седница на Оддел за граѓански дела [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од одржана седница на Оддел за граѓански дела

Новости  |  13.10.2025
Врховниот суд на Република Северна Македонија на ден 13.10.2025 година одржа седница на Одделот за граѓански дела, го усвои следниот:

 

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

 

           

1. Усвојување на Записник од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 24.09.2025 година;

2.Разгледување и усвојување на Извештајот за движење на предметите во Одделот за граѓански дела за јули и август 2025 година;

3. Продолжување со расправа заради воедначување на различна судска практика на советите на Врховниот суд на Република Северна Македонија, по правното прашање дали ревизијата на замешувачот треба да се отфрли како недозволена согласно член 380 од Законот за парничната постапка во случај кога странката на која и се придружил замешувачот не поднела ревизија, или предметот да се врати административно, да се повика странката да се изјасни дали го прифаќа поднесениот правен лек, па ако не се изјасни или изјави дека не го прифаќа, ревизијата да биде отфрлена;                       

4. Разгледување на правни прашања доставени од граѓанскиот оддел на Апелациониот суд Битола, во врска со претстојната заедничка средба на Врховниот суд на Република Северна Македонија и четирите апелациони судови;

5. Разгледување на правни прашања доставени од граѓанскиот оддел на Апелациониот суд Гостивар, во врска со претстојната заедничка средба на Врховниот суд на Република Северна Македонија и четирите апелациони судови;

6. Разгледување на правни прашања доставени од граѓанскиот оддел на Апелациониот суд Скопје, во врска со претстојната заедничка средба на Врховниот суд на Република Северна Македонија и четирите апелациони судови;

7. Разгледување на правни прашања доставени од граѓанскиот оддел на Апелациониот суд Штип, во врска со претстојната заедничка средба на Врховниот суд на Република Северна Македонија и четирите апелациони судови;            

                                                                    

По одржаната расправа, Одделот за граѓански дела:

По првата точка на дневниот ред, го усвои Записникот од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 24.09.2025 година;

По втората точка на дневниот ред, ги разгледа и усвои Извештајот за движење на предметите во Одделот за граѓански дела за јули и август 2025 година;

По третата точка на дневниот ред, утврди правно мислење за правното прашање;

По четвртата точка на дневниот ред, ги разгледа правните прашања доставени од граѓанскиот оддел на Апелациониот суд Битола;

По петтата точка на дневниот ред, ги разгледа правните прашања доставени од граѓанскиот оддел на Апелациониот суд Гостивар;

По шестата точка на дневниот ред, го одложи разгледувањето на правните прашања доставени од граѓанскиот оддел на Апелациониот суд Скопје;

По седмата точка на дневниот ред, ги разгледа правните прашања доставени од граѓанскиот оддел на Апелациониот суд Штип;

 

 

 

 

 

 

           

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_