Средба со Блупринт групата за реформа на правосудството
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Средба со Блупринт групата за реформа на правосудството
Потенцирајќи ја улогата на невладините организации, ВД Претседателот на Врховниот суд истакна дека соработката со Блупринт групата има големо значење, затоа што заедничките активности придонесуваат за унапредување на правосудниот систем и судската независност.
Соговорниците се согласија дека се потребни заеднички напори на сите правосудни институции со цел надминување на проблемите со кои се соочува судството во спроведување на реформите, со цел овозможување пристап до правда за граѓаните.
На крајот на средбата, ВД Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, д-р Џемали Саити ги повтори заложбите на Врховниот суд на Република Северна Македонија за интензивирање на соработката со невладиниот сектор, наведувајќи дека заедничката визија и заедничките заложби за подобрување на состојбите во судството се од интерес за граѓаните на Република Северна Македонија.