Средба со Блупринт групата за реформа на правосудството [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Средба со Блупринт групата за реформа на правосудството

Новости  |  14.5.2025
ВД Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, д-р Џемали Саити на 13 мај 2025 година, оствари средба со претставниците на неформалната мрежа Блупринт група за реформа на правосудството.

Потенцирајќи ја улогата на невладините организации, ВД Претседателот на Врховниот суд истакна дека соработката со Блупринт групата има големо значење, затоа што заедничките активности придонесуваат за унапредување на правосудниот систем и судската независност.                   

Соговорниците се согласија дека се потребни заеднички напори на сите правосудни институции со цел надминување на проблемите со кои се соочува судството во спроведување на реформите, со цел овозможување пристап до правда за граѓаните.

На крајот на средбата, ВД Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, д-р Џемали Саити ги повтори заложбите на Врховниот суд на Република Северна Македонија за интензивирање на соработката со невладиниот сектор, наведувајќи дека заедничката визија и заедничките заложби за подобрување на состојбите во судството се од интерес за граѓаните на Република Северна Македонија.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_