Средба со Мониторинг комисијата на Парламентарното собрание на Совет на Европа [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Средба со Мониторинг комисијата на Парламентарното собрание на Совет на Европа

Соопштенија за јавност  |  25.4.2025

         ВД Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, д-р Џемали Саити на 24 април 2025 година, оствари средба со членовите на делегацијата на Мониторинг комисијата на Парламентарното собрание на Совет на Европа, г-а Сибел Арслан од Швајцарија, г. Џозеф О’Рајли од Ирска, коизвестители на Комисијата, г-а Агњешка Шклана, секретар на Kомисијата и г-а Марија Стефанова, секретар на делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Совет на Европа. На средбата присуствуваа и судиите Цветанка Периќ, Заменик на ВД Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија и д-р Мирјана Лазарова Трајковска.

       На средбата се разговараше за преземените активности во врска со Резолуцијата 2304 (2019) на Парламентарното собрание на Совет на Европа за пост-мониторинг дијалогот со Република Северна Македонија, борбата против корупцијата, моменталните состојби во судството, надлежностите на Врховниот суд во поглед на воедначување на судската пракса и примена на праксата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, но и предизвиците со кои се соочува судството во Република Северна Македонија во остварување на реформските цели.

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_