Сооопштение од одржана седница на Одделот за граѓански дела [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Сооопштение од одржана седница на Одделот за граѓански дела

Новости  |  24.9.2025
Врховниот суд на Република Северна Македонија на ден 24.09.2025 година одржа седница на Одделот за граѓански дела, го измени и усвои следниот:

          ДНЕВЕН РЕД

1. Усвојување на Записник од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 07.07.2025 година;

2.Разгледување и усвојување на Извештајот за движење на предметите во Одделот за граѓански дела за мај и јуни 2025 година;

3. Дискусија во врска со одложената трета точка на седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 07.07.2025 година;

4. Расправа за правното прашање дали следува надомест на материјални трошоци за лекување во приватна здравствена установа доколку лекувањето можело да се изврши во јавното здравство;

5. Разно;                               

            По одржаната расправа, Одделот за граѓански дела:

По првата точка на дневниот ред, го усвои Записникот од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 07.07.2025 година;

По втората точка на дневниот ред, ги разгледа и усвои Извештајот за движење на предметите во Одделот за граѓански дела за мај и јуни 2025 година;

По третата точка на дневниот ред, донесе заклучок да продолжи расправата по одложената точка на следната седница;

По четвртата точка на дневниот ред, утврди правно мислење за правното прашање;

 

 

           

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_