Средба на Претседателот на ВСРСМ Африм Фидани со Амбасадорот на Е У во Република Северна Македонија Н.Е. Михалис Рокас [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Средба на Претседателот на ВСРСМ Африм Фидани со Амбасадорот на Е У во Република Северна Македонија Н.Е. Михалис Рокас

Новости  |  12.9.2025
Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија Африм Фидани денес оствари средба со Амбасадорот и Шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Н.Е. Михалис Рокас, на која присуствуваа преставници на Врховниот суд Република Северна Македонија и на Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија.

Во фокусот на одржаната средба беше потенцирана важноста на тековните реформи во исполнување на европските стандарди на полето на владеење на правото клучно за евроинтегративниот процес нa Република Северна Македонија.

          Претседателот Фидани истакна дека во согласност со препораките нотирани во Извештајот на Европската унија ќе се залага  за враќање на довербата на граѓаните во судството, преку зголемување на ефикасното работење на судовите, транспарентноста, соработката со невладиниот сектор и јакнење на капацитетите како материјално - финансиски така и од аспект на човечките ресурси.

          Амбасадорот Рокас ја потенцираше потребата за финансиска самостојност на судството кое треба да го добива потребниот буџет загарантиран со закон, за  вистинска независност vis-а-vis другите  власти.

          Соговорниците средбата ја оценија за содржајна и важен чекор кон зајакнување на соработката помеѓу Врховниот суд на Република Северна Македонија и Европската Унија, потврдуваќи ја посветеноста на двете страни во процесот на пристапување на државата во европското семејство.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_