Соопштение за одржување на Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за одржување на Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија
Новости
|
23.5.2025
Врховниот суд на Република Северна Македонија ќе одржи Општа седница на 27.05.2025 година (вторник) со почеток во 13,00 часот, со следниот предлог на:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Одлучување по приговор на судија на Основен суд Велес, изјавен против решение на Судски совет на Република Северна Македонија.
2. Давање мислење по Нацрт - Закон за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, доставен од Министерство за правдa.
3. Расправа по иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од Адвокатско друштво ЛАЗОВ БАДЕВА АДВОКАТИ Скопје, преку законски застапници Надица Бадева-Ќортошева и Дане Лазов, адвокати од Скопје.