Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија

Новости  |  27.5.2025
Врховниот суд на Република Северна Македонија на ден 27.05.2025 година, одржа Општа седница со следниот:

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

 

1. Одлучување по приговор на судија на Основен суд Велес, изјавен против решение на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

2. Давање мислење по Нацрт - Закон за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, доставен од Министерство за правдa.

3. Расправа по иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од Адвокатско друштво ЛАЗОВ БАДЕВА АДВОКАТИ Скопје, преку законски застапници Надица Бадева-Ќортошева и Дане Лазов, адвокати од Скопје.

 

По одржаната расправа, Општата седница:

По првата точка од дневниот ред донесе решение со кое приговорот на судија на Основен суд Велес, изјавен против решение на Судскиот совет на Република Северна Македонија, се усвојува.

По втората точка од дневниот ред дава позитивно мислење по Нацрт - Закон за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, со соодветни предлози.

По третата точка од дневниот ред, расправата ќе продолжи на следната седница.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_