Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1.Усвојување на Оценките и заклучоците по извештаите за работењето на судовите во Република Северна Македонија за 2024 година.
2.Расправа по иницијатива за утврдување начелно правно мислење, поднесена од Дарко Котески, адвокат од Тетово.
3. Расправа по иницијатива за утврдување начелен став и начелно правно мислење, поднесена од Драган Коровешовски, Костадин Шурбановски, Оливера Мишева Шурбановска и Јане Коровешовски, адвокати од Адвокатска канцеларија Коровешовски од Охрид.
Втората точка од предложениот дневен ред се одложи.
По одржаната расправа, Општата седница:
По првата точка од дневниот ред ги усвои Оценките и заклучоците по извештаите за работењето на судовите во Република Северна Македонија за 2024 година.
По втората точка од дневниот ред донесе заклучок со кој иницијативата за утврдување начелно правно мислење, поднесена од Дарко Котески, адвокат од Тетово, не се усвојува.
По третата точка од дневниот ред донесе заклучок со кој иницијативата за утврдување начелен став и начелно правно мислење, поднесена од Драган Коровешовски, Костадин Шурбановски, Оливера Мишева Шурбановска и Јане Коровешовски, адвокати од Адвокатска канцеларија Коровешовски од Охрид, не се усвојува.