Соопштение од одржана седница на Одделот за граѓански дела
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од одржана седница на Одделот за граѓански дела
ДНЕВЕН РЕД
1. Усвојување на Записник од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 09.06.2025 година;
2. Продолжување со расправа заради воедначување на различната судска практика на советите на Врховниот суд на Република Северна Македонија по правното прашање за застареност на барање за надомест на штета причинета со кривично дело кога кривичната пријава е отфрлена поради апсолутна застареност на кривично гонење;
3. Расправа заради воедначување на различна судска практика на советите на Врховниот суд на Република Северна Македонија по правното прашање, дали ревизијата на замешувачот треба да се отфрли како недозволена согласно член 380 од Законот за парничната постапка во случај кога странката на која и се придружил замешувачот не поднела ревизија, или предметот да се врати административно, да се повика странката да се изјасни дали го прифаќа поднесениот правен лек, па ако не се изјасни или изјави дека не го прифаќа, ревизијата да биде отфрлена;
4. Утврдување текст и усвојување сентенци по предметите Рев2-177/23 и Р-59/25;
5.Разно;
По одржаната расправа, Одделот за граѓански дела:
По првата точка на дневниот ред, го усвои Записникот од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 09.06.2025 година;
По втората точка на дневниот ред, ја воедначи различната судска практика по правното прашање;
По третата точка на дневниот ред, ја одложи расправата;
По четвртата точка на дневниот ред, ги повлече сентенците;