Соопштение од одржана седница на Одделот за судење во разумен рок
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од одржана седница на Одделот за судење во разумен рок
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Усвојување на предлог - записникот од седницата на Одделот за судење во разумен рок, одржана на ден 28.04.2025 година,
2. Разгледување и усвојување на Извештаите за движење на предметите во Одделот за судење во разумен рок за месеците: aприл и мај 2025 година,
3. Разгледување на барање од Судски буџетски совет, по однос на исплата на правичен надоместок при доставени неточни лични податоци,
4. Разно.
По одржаната расправа:
По првата точка од дневниот ред, се усвои Записникот од седницата на Одделот за судење во разумен рок одржана на ден 28.04.2025 година;
По втората точка од дневниот ред, се разгледаa и се усвоиja Извештаите за движење на предметите во Одделот за судење во разумен рок за месеците: aприл и мај 2025 година.
По третата точка од дневниот ред, судиите – членови на Одделот, донесоа заклучок по барањето од Судски буџетски совет, по однос на исплата на правичен надоместок при доставени неточни лични податоци.