Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија учествуваше на Регионална конференција во Тирана
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија учествуваше на Регионална конференција во Тирана
Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Африм Фидани, учествуваше на Регионална конференција посветена на судскиот и обвинителскиот интегритет, која се одржа во Тирана, на 25-26 септември, во организација на Високиот инспекторат за правда на Република Албанија, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Албанија.
Претседателот Фидани имаше свое излагање во рамки на вториот панел „Институционална улога на судските инспекции и дисциплински тела во демократското управување и дисциплинските служби како чувари на интегритетот“.
Конференцијата беше посветена на размена на добри практики за зајакнување на механизмите за интегритет и подобрување на дисциплинските постапки во судовите, со цел постигнување на подобра усогласеност со меѓународните стандарди, вмрежување и зајакнување на соработката меѓу правосудните институции во регионот.