Соопштение за одржување на седница на Оддел за граѓански дела
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за одржување на седница на Оддел за граѓански дела
Соопштенија за јавност
|
14.5.2025
Врховниот суд на Република Северна Македонија ќе одржи седница на Одделот за граѓански дела на ден 26.05.2025 година (понеделник), со почеток во 11,30 часот, со следниот предлог на
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Усвојување на Записник од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 02.04.2025 година;
2. Разгледување и усвојување на Извештајот за движење на предметите во Одделот за граѓански дела за месец март 2025 година;
3. Продолжување со расправа заради воедначување на различната судска практика на советите на Врховниот суд на Република Северна Македонија по правното прашање за застареност на барање за надомест на штета причинета со кривично дело кога кривичната пријава е отфрлена поради апсолутна застареност на кривично гонење;
4. Разгледување и усвојување на сентенци по предметите Рев2-177/23 и Р-59/25
5. Разно;