Соопштение од одржана седница на Оддел за казниви дела [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од одржана седница на Оддел за казниви дела

Новости  |  16.10.2025
Врховниот суд на Република Северна Македонија на ден 15.10.2025 година одржа седница на Одделот за казниви дела, на која го усвои предложениот и дополнет :

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

 

           

1. Усвојување на Записник од седница на Одделот за казниви дела во Врховниот суд на Република Северна Македонија, одржана на ден 07.07.2025 година;

            2. Усвојување на месечни извештаи за работата на Одделот за казниви дела на Врховниот суд на Република Северна Македонија, за месеците Мај, Јуни, Јули и  Август  2025 година;

            3. Расправа по барање на Основен суд Свети Николе за донесување на правно мислење во врска со надлежноста за одлучување по прекршоци од Законот за јавни патишта;

            4. Расправа по правни прашања доставени од Апелациониот суд Скопје, Апелациониот суд Битола и Апелациониот суд Штип, во врска со работната средба помеѓу Врховниот суд  на РСМ и четирите апелациони судови.

            5. Расправа по реферат изготвен од судијата Цветанка Периќ, во врска со постапката за бришење на осуда (одложена од седницата од 07.07.2025 г);

            6.  Расправа по реферат изготвен од судијата д-р Мирјана Лазарова Трајковска во врска со Иницијативата од Судскиот совет, за поведување на постапка за воедначување на судска пракса (одложена од седницата од 07.07.2025г);

            7.  Расправа по реферат изготвен од судијата д-р Мирјана Лазарова Трајковска во врска со Иницијатива на адвокат Наташа Бошкова, за донесување на начелно правно мислење (одложена од седницата од 07.07.2025 г) ;

            8. Реферат по предлог на Закон за пробација, изготвен од судија Татјана Дуковска.

            По одржаната расправа и спроведена дискусија, Одделот за казниви дела :

            По првата точка на дневниот ред, го усвои Записникот од седницата на Одделот за казниви дела одржана на ден 07.07.2025 година;

            По втората точка на дневниот ред, ги разгледа и усвои месечни извештаи за работата на Одделот за казниви дела на Врховниот суд на Република Северна Македонија, за месеците  Мај, Јуни, Јули и  Август  2025 година;

            По третата точка на дневниот ред, утврди дека не се исполнети условите за донесување на правно мислење;

            По четвртата точка на дневниот ред, ги разгледа правните прашања доставени од кривичниот оддел на Апелациониот суд Скопје, Апелациониот суд Битола и Апелациониот суд Штип;

            По петтата точка на дневниот ред, усвои заклучок - прашањето во врска со постапката за бришење на осуда, да се разгледува на Општата седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија;

            По шестата точка на дневниот ред, утврди дека не се исполнети условите за поведување на постапка за воедначување на судска пракса;

            По седмата точка на дневниот ред, усвои заклучок - Иницијативата за донесување начелно правно мислење да се разгледува на Општата седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија;

            По осмата точка на дневниот ред, усвои заклучок – Предлогот на Законот за пробација да се разгледува на Општата седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија. 

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_