Соопштение за одржување на Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за одржување на Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија
Новости
|
23.9.2025
Врховниот суд на Република Северна Македонија ќе одржи Општа седница на 30.09.2025 година (вторник) со почеток во 13,30 часот, со следниот предлог на:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Расправа по иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од Адвокатско друштво ЛАЗОВ БАДЕВА АДВОКАТИ Скопје, преку законски застапници Надица Бадева-Ќортошева и Дане Лазов, адвокати од Скопје.
2. Расправа по иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од адвокат Јосиф Филиповски од Скопје.
3. Расправа по иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење поднесенa од Претседателот на Основен суд Велес.
4. Расправа по иницијатива за утврдување начелен став, поднесена од адвокат Роберт Бачевски Синколи од Скопје.