Средба со претставници на проект за антикорупција и градење на интегритетот на судиите [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Средба со претставници на проект за антикорупција и градење на интегритетот на судиите

Соопштенија за јавност  |  20.5.2025
ВД Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, д-р Џемали Саити, на 19 мај 2025 година оствари работна средба со претставници на експертска мисија од Франција, дел од проектот поддржан од Француската Агенција за меѓународна техничка соработка, Лиз Чиполт, Сесилија Мариониер и Хелена Папа, како и Анета Арнаудовска, национален експерт за владеење на правото и антикорупција.

Предмет на дискусија беа состојбите во судството, механизмите и мерките за спречување на корупцијата и градење на интегритетот на судиите, со осврт на постигнатото во претходниот период, а во насока на подготовка на новата Програма и  Акционен план за превенција и следење на корупцијата во судството за периодот 2026-2029 година, со поддршка на овој проект.

ВД Претседателот д-р Џемали Саити, ја потврди заложбата за соработка со меѓународната заедница и подготвеноста за ставање на располагање на капацитетите на Врховниот суд, со цел унапредување на антикорупциските мерки и постигнување на подобри резултати согласно европските стандарди.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_