ВД Претседателот на Врховниот суд, д-р Саити оствари работна средба со претставници од проектот Поддршка на ЕУ за владеење на правото [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ВД Претседателот на Врховниот суд, д-р Саити оствари работна средба со претставници од проектот Поддршка на ЕУ за владеење на правото

Новости  |  04.6.2025
ВД Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, д-р Џемали Саити на 04 јуни 2025 година оствари работна средба со претставниците од проектот Поддршка на ЕУ за владеење на правото

ВД Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, д-р Џемали Саити на 04 јуни 2025 година оствари работна средба со претставниците од проектот Поддршка на ЕУ за владеење на правото,  Олга Тешовиќ и Андреј Божиновски, кои во соработка со Судскиот совет на РСМ, отпочнуваат евалуација на Стратегијата за човечки ресурси за судската мрежа 2020-2026.

На средбата се дискутираше за динамиката на спроведување на Стратегијата и  подготовка на иницијатива за реорганизација и оптимизација на судската мрежа, како и за очекувањата од горенаведените проекции.
Соговорниците се согласија да се разгледаат сите правни и структурни  можности за идна поставеност на мрежата на судовите, притоа согледувајќи ги социоекономските и другите фактори од влијание за таа поставеност. На крајот на средбата, се изрази спремност за продолжување на взаемната соработка. 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_