ВД Претседателот на Врховниот суд, д-р Саити оствари работна средба со претставници од проектот Поддршка на ЕУ за владеење на правото
Вести
- Почетна
- >
- Вести
ВД Претседателот на Врховниот суд, д-р Саити оствари работна средба со претставници од проектот Поддршка на ЕУ за владеење на правото




ВД Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, д-р Џемали Саити на 04 јуни 2025 година оствари работна средба со претставниците од проектот Поддршка на ЕУ за владеење на правото, Олга Тешовиќ и Андреј Божиновски, кои во соработка со Судскиот совет на РСМ, отпочнуваат евалуација на Стратегијата за човечки ресурси за судската мрежа 2020-2026.
На средбата се дискутираше за динамиката на спроведување на Стратегијата и подготовка на иницијатива за реорганизација и оптимизација на судската мрежа, како и за очекувањата од горенаведените проекции.
Соговорниците се согласија да се разгледаат сите правни и структурни можности за идна поставеност на мрежата на судовите, притоа согледувајќи ги социоекономските и другите фактори од влијание за таа поставеност. На крајот на средбата, се изрази спремност за продолжување на взаемната соработка.