Соопштение за одржување на седница на Одделот за казниви дела
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за одржување на седница на Одделот за казниви дела
ДНЕВЕН РЕД
1. Усвојување на Записник од седница на Одделот за казниви дела во Врховниот суд на Република Северна Македонија, одржана на ден 07.07.2025 година;
2. Усвојување на месечни извештаи за работата на Одделот за казниви дела на Врховниот суд на Република Северна Македонија, за месеците Мај, Јуни, Јули и Август 2025 година;
3. Расправа по барање на Основен суд Свети Николе за донесување на правно мислење во врска со надлежноста за одлучување по прекршоци од Законот за јавни патишта;
4. Расправа по правни прашања доставени од Апелациониот суд Скопје, Апелациониот суд Битола и Апелациониот суд Штип, во врска со работната средба помеѓу Врховниот суд на РСМ и четирите апелациони судови;
5. Расправа по реферат изготвен од судијата Цветанка Периќ, во врска со постапката за бришење на осуда ( одложена од седницата од 07.07.2025г);
6. Расправа по реферат изготвен од судијата д-р Мирјана Лазарова Трајковска во врска со Иницијативата од Судскиот совет, за поведување на постапка за воедначување на судска пракса (одложена од седницата од 07.07.2025г);
7. Расправа по реферат изготвен од судијата д-р Мирјана Лазарова Трајковска во врска со Иницијатива на адвокат Наташа Бошкова, за донесување на начелно правно мислење( одложена од седницата од 07.07.2025г
8. Разно