Учество на Претседателот Африм Фидани на свеченото одбележување на Денот на судство на Црна Гора.
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Учество на Претседателот Африм Фидани на свеченото одбележување на Денот на судство на Црна Гора.
Настанот се одвиваше во присуство на високи претставници на судската власт од регионот и претставници на меѓународната заедница. Во своето обраќање, претседателот Фидани ја нагласи важноста на меѓусебната соработка меѓу судските институции и заедничките напори за унапредување на владеењето на правото и зајакнување на довербата во судството.
Меѓу другото, истакна:„Важно е да се запомни дека самостојно и независно судство, втемелено на интегритетот, угледот и личната посветеност на судиите, е столб на секоја правна држава. Во време на големи предизвици – правни, институционални, но и општествени, граѓаните мора да чувствуваат доверба во судовите. Таа доверба се создава преку одговорно постапување, почитување на етичките стандарди и транспарентност во работата. Тоа се вредности кои не обединуваат сите нас, без разлика на државните граници.“
Претседателот Фидани ја реафирмираше долгогодишната соработка меѓу највисоките судски институции на Северна Македонија и Црна Гора, потенцирајќи дека „нашето пријателство почнува во минатото, но му припаѓа на иднината – на заедничката европска иднина во која судството има клучна улога како заштитник на владеењето на правото и носител на промените за подобра иднина за сите“.
Со учеството на овој настан, Врховниот суд на Република Северна Македонија ја потврдува својата посветеност кон унапредување на регионалната судска соработка и споделување на добри практики во насока на јакнење на независното и ефикасно судство.