СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  30.10.2023
I. Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот ја информираме јавноста дека главната расправа за предметот со К.бр. 1990/23 против А.О. за кривичното дело Проневера во службата од чл. 354 ст.1 од КЗ, а поврзано со работењето во Универзитетската клиника за радиологија и онкологија Скопје, се одложи.

Причина за одлагањето, како што констатира судот, е што Јавниот обвинител не примил уредна покана заради штрајк на јавно обвинителската служба, како и отсуство на обвинетата за која не е вратена достава за прием . Но присутен на расправата беше адвокат на обвинетата, ангажиран од семејството, со уредно полномошно.

Главната расправа е насрочена за 04.12.2023 година во 12:00 часот за што се доставени нови покани до странките.

II.

Во Основниот кривичен суд Скопје од Основнот јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корпуција  пристигнат е предлог за определување мерки притвор и други мерки за обезбедување присуство против 26 осомничени, како и 10 барања за определување привремени мерки – замрзнување имот, а поврзани со акцијата на Управата за финансиска полиција со кодно име „Синџир“ :

https://jorm.gov.mk/soopshtenie-127/

Со оглед на обемноста на предлозите и големиот број опфатени лица судот со дополнителни детали, за предложените мерки,  ќе извести во текот на утрешниот ден.

                III.

                Судскиот совет го усвои извештајот за работата на судовите во РСМ за второто тромесечие за 2023 година според кој Основниот кивичен суд Скопје, согласно бројот на примени и решени предмети во текот на извештајниот период е во категоријата на АЖУРНИ судови, за што повеќе детали се очекуваат од Судскиот совет на РСМ.

Со почит Основен кривичен суд Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_