ЈАВЕН ОГЛАС 5 - 2023 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ЈАВЕН ОГЛАС 5 - 2023

Соопштенија за јавност  |  13.12.2023
ЈАВЕН ОГЛАС бр.5/2023 за вработување на неопределено време, на: Советник информатичар, Судски советници, Судски референт - извршител во писарница, Помлад судски референт - Дактилограф.

           

 

Врз основа на чл.20 и чл.25 од Законот за судска служба („Сл.весник на РМ“ бр.43/2014, 33/2015, 98/2015, 06/2016, 198/2018, 248/2018 и „Сл.весник на РСМ“ бр.235/2022), и Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција, на испитите, проверката на веродостојност на докази и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работни места, како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници („Сл.весник на РМ“ број 236/2018), известувањето од Министерството за финансии на РСМ, број 18-11816/2 oд 05.12.2023 година како и издадената согласност за пополнување на слободни работни места преку објавување на јавен оглас бр.08-371/6 од 11.12.2023 година од Судски буџетски совет, Основниот кривичен суд Скопје  објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС бр.5/2023

за вработување на неопределено време:

 

  1. Категорија В, ниво В1, шифра СУД0101В01003,

-Советник информатичар-1-еден извршител

           

Посебни услови за вршење на работите:

-Стручни квалификации:

-стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС-од областа на информатиката или завршен VII/1 степен факултет од областа на информатиката или друг факултет од соодветна област

-Работно искуство:

-најмалку 3 години работно искуство во струката

-Посебни работни компетенции:

- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работните места за соодветното работно место.

 

Основна нето плата 36.619,00 денари; Работни часови неделно: 40 часа; Работно време од 07,30 до 15,30 часот, Дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот, Работни денови од понеделник до петок

 

 

  1. Категорија В, ниво В3, шифра СУД0101В03001,

-Судски соработник-2-два извршители

           

Посебни услови за вршење на работите:

-Стручни квалификации:

-стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС-Правен факултет или завршен VII/1 степен правен факултет и положен правосуден испит

-Работно искуство:

-најмалку 1 година работно искуство во струката

-Посебни работни компетенции:

- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работните места за соодветното работно место.

 

Основна нето плата 33.288,00 денари; Работни часови неделно: 40 часа; Работно време од 07,30 до 15,30 часот, Дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот, Работни денови од понеделник до петок

 

  1. Категорија Г, ниво Г3, шифра СУД0101Г03001,

-Судски референт-извршител во писарница-1-еден извршител

                                                                                                    

Посебни услови за вршење на работите:

-Стручни квалификации:

- најмалку више или средно образование

-Работно искуство:

-најмалку 1 година работно искуство во струката

-Посебни работни компетенции:

- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски) активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работните места за соодветното работно место.

 

Основна нето плата 22.079,00 денари; Работни часови неделно: 40;Работно време од 07,30 до 15,30 часот, Дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот, Работни денови од понеделник до петок

 

  1. Категорија Г, ниво Г4, шифра СУД0101Г04001,

-Помлад судски референт-дактилограф-1-еден извршител

                                                                                                    

Посебни услови за вршење на работите:

-Стручни квалификации:

- најмалку више или средно образование

-Работно искуство:

-со или без работно искуство

-Посебни работни компетенции:

- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски) активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работните места за соодветното работно место.

 

Основна нето плата 20.651,00 денари; Работни часови неделно: 40;Работно време од 07,30 до 15,30 часот, Дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот, Работни денови од понеделник до петок

 

Покрај наведените посебни услови, предвидени во Законот за судска служба и Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Основниот кривичен суд Скопје, кандидатите за судски службеник за наведените работни места треба да ги исполнуваат и општите услови за вработување, предвидени во чл.21 став 1 од Законот за судска служба („Сл.весник на РМ“ бр.43/2014, 33/2015, 98/2015, 06/2016, 198/2018, 248/2018 и „Сл.весник на РСМ“ бр.235/2022), и тоа:

-да е државјанин на Република Македонија;

-активно да го користи македонскиот јазик;

-да е полнолетен;

-да има општа здравствена способност за работното место;

-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

 

Заинтересираните кандидати се должни да достават пополнета Пријава (образец објавен во Службен весник на РМ број 236/2018) која може да се подигне и во  приемното одделение на судот, секој работен ден од 08,30 до 14,30 часот или пак истата да се превземе од web страната на Основниот кривичен суд Скопје (www.osskopje1.mk).

 

Кон пријавата, кандидатите ги приложуваат доказите за исполнување на општите и посебните услови за работното место на кое се пријавуваат, во оригинал или копија заверена на нотар:

-уверение за завршено соодветно образование, (кандидатите од В категорија ги приложуваат уверенијата од двата циклуси на студии, а кандидатите од Г категорија ги приложуваат диполомата за завршено образование и сите свидетелства)

-доказ за работно искуство,

-уверение за државјанство,

-лекарско уверение за општата здравствена состојба (не постаро од 1-една година),

-уверение или потврда дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност (не постаро од 6-шест месеци),

-диплома, сертификат или уверение како доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

Кандидатите за судски службеник во постапката за вработување преку јавен оглас, активното познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски) ќе го докажуваат со полагање испит за судски службеник – дел за проверка на знаење на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски).

 

            Условите наведени во огласот кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

            Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци.

 

Напомена: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошната постапка.

 

Времето и датумот на одржување на административната селекција, испитот и интервјуто ќе бидат објавени на интернет страницата на Основниот кривичен суд Скопје.

Рокот за пријавување на кандидатите на јавниот оглас е 15 (петнаесет) дена, сметано од наредниот ден од објавувањето на огласот во дневните весници.

Ненавремените, неуредните и нецелосно пополнетите пријави нема да се разгледуваат.

Пополнетата пријава во писмена форма заедно со доказите, кандидатите се должни да ја достават непосредно во судот или по пошта на адреса ОСНОВЕН КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ, Комисија за селекција за вработување по јавен оглас бр.5/2023, Бул.Гоце Делчев б.б. Скопје.

Постапката за селекција за вработување ќе биде спроведена согласно Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција, на испитите, проверката на веродостојност на докази и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работни места, како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници („Сл.весник на РМ“ број 236/2018).

Кандидатите кои ќе ја поминат административната селекција, полагаат испит за судски службеник во просториите на Основен кривичен суд Скопје.

 Базата на прашања и потребната литература, е достапна на web страната на Основниот кривичен суд Скопје (www.osskopje1.mk).

Прилог - 

Шангајска ранг листа - http://www.vsrm.mk/wps/portal/osskopje1/sud/vesti/e5b07d87-69b5-498c-84f7-ed20307fc970/!ut/p/z1/rVPJbsIwEP2WHnJ0PVkcO8eAwtYG2lIK8SXKCi5kAUIo_fomlapKXRJQ69tIb96b92aMOV5gnnqlWHqFyFJvU9UO1129r2nAbuCWTR86YFpA2aNhAlgUz5sA_R5g3tz_hDnmQVrkxQo7-cHfiMBN1hLsD6EEeRZERepJUEb7QkgQER9oyCjSDZ8gzWABYlpMURQqoAKNA4NCzZcHIsTOWeh5m8F6fvjlmR_9DQDelh9vk-BNHHXETjUD_QRMBj0K5sySicnulYlZiZQiOuJZmu2SaqfTCyMafFP4YmNEflKYd233bogduS7SvdtI4L6jvWV0rWoqlQnoiKmyjjRGY2QQGqBYVjyDaNTwiIIddqGHRgPTof7HiEZta67-kXjebrlZHXuWFtFLgRf_cu0VsbKzu_aymtcrVkikcYYXZ7XmySxh6kmgdWxbquaMyjEpXztjxP3T0by6egPsG_5t/dz/d5/L2dBISEvZ0FBIS9nQSEh/?urile=wcm%3Apath%3A%2Fpublic_mk%2Fsud%2Fpocetna%2Fvesti%2Fe5b07d87-69b5-498c-84f7-ed20307fc970

Пријава - 

http://www.vsrm.mk/wps/wcm/connect/osskopje1/3aba40b4-77b8-4104-b853-39afb69a0d71/Prijava+za+vrabotuvanje.pdf?MOD=AJPERES&CVID=okQ-I8T&CVID=okQ-I8T

 

 

                                                                                ОСНОВЕН КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_