СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  03.11.2023
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на Основниот кривичен суд Скопје, ја информираме јавноста дека:

I.

На денешната главна расправа за предметот со КОК бр. 52/17 од обвинителството означен како „Траекторија“, надлежниот Јавен обвинител, имајќи ги предвид измените во Кривичниот законик, ГО ПОВЛЕЧЕ обвинителниот акт против обвинетите В.П., М.Ј., и Љ.Г., на кои им се става на товар дека го сториле кривичното дело од чл. 353 ст.5 и против Н.Г., на кој му се става на товар кривично дело од чл. 359 ст.2, а за кои дела согласно измените во КЗ, и временскиот период за кој постои сомнение  дека се сторени делата,  настапила апсолутна застареност на кривичното гонење.

II.

На денешната главна расправа за предметот со К.бр. 349/23 против обвинетиот Ж.М. и Приватна здравствена установа, расправата почна одново заради проток на Закони утврдениот рок од 90 дена. За време на наведениот рок, сите насрочени расправи беа одложени токму по барање на одбраната заради спреченост на обвинетиот да присуствува на судењето од здравствени причини, а за што беше доставена соодветна медицинска документација. Судењето продолжува на 15.11.2023 година во 09:30 часот со доказна постапка.

Во однос на наводите во одредени портали дека Кривичниот совет не постапува и бара дополнителна документација околу барањето на обвинетиот, која документација веќе се наоѓа во судот, ја информираме јавноста дека одбраната ги има сите Законски утврдени права и обврски при службена комуникација со Кривичниот совет и за  сите дополнителни барања потребно е да се обрати до советот, а не да комуницира преку медиумите. Судот постапува согласно Законската регулатива и заради тоа бара професионална и етичко комуницирање со странките, а не медиумско експонирање, особено што се работи за здравствна состојба на обвинет. Заради сето тоа судот нема да се впушти во дополнителна преписка.

 III.

На денешната главна расправа за предметот со КОК бр. 63/23 поврза со оргнизирање на настаните од 27 ми април 2017 – та година во Собранието на РСМ, одбраната на обвинетите по втор пат побара обвинетите да бидат опфатени со Законот за амнестија за кривичните дела поврзани со настаните од 27 – ми април, откако Апелациониот суд Скопје, претходно ги укина решенијата на првостепениот суд и предметот го врати на повторно одлучување. По овие барања судот дополнително ќе се произнесе на следната расправа насрочена на 14.12.2023 година во 10:00 часот.

Со почит Основен кривичен суд Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_