СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  05.5.2021
Основниот кривичен суд Скопје, ја објави пресудата за петмина од обвинетите во предметот со К.бр. 996/21, од Основно јавно обвинителство означен со работен наслов „Двојник“, кои на денешното отпочнување со главната расправа ја признаа вината за кривичните дела кои им се ставаат на товар.

Со пресудата, врз основа на признание на вина, обвинетите Д.Б., А.Л., Ѓ.В. и Ф.В. ги огласи за виновни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување по чл. 353 ст.1 вв со чл. 45 од КЗ како и Р.М. за кривичното дело од чл. 23 вв со чл. 353 ст. 1 од КЗ, па ценејќи ги сите олеснителни и отежителни околности, им определи:

За Д.Б. на казна затвор во траење од 2 години и 7 месеци како и забрана за вршење професија, должност или дејност од 10 години,

А.Л. на казна затвор во траење од 2 години и 3 месеци како и забрана за вршење професија, должност или дејност од 10 години,

Р.М. на казна затвор во траење од 2 години и 3 месеци како и забрана за вршење професија, должност или дејност од 10 години,

Ѓ.В. на казна затвор во траење од 2 години како и забрана за вршење на професија, должност или дејност во рок од 10 години,

Ф.В. му определни алтернативна мерка – Условна осуда во траење од 6 месеци затвор која нема да се реализира доколку во рок од 2 години не стори ново кривично дело, како и забрана за вршење професија, должност или дејност во траење од 3 месеци.

Главната расправа за обвинетите кои на денешното судење не ја признаа вината, продолжува на 07.05.2021 година.

Со почит Основен кривичен суд Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_