СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Соопштенија за јавност
|
21.7.2021
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека по назначување на нов судија – поротник во дел од предметите на поранешното Специјално јавно обвинителство, насрочени се главни расправи за предметите:
КОК бр. 7/18 од обвинителството означен како „Титаник“ на 24 август 2021 год. во 10:00 часот,
КОК бр. 57/17 од обвинителството означен како „Топлик“ на 23 август 2021 год. во 10:00 часот,
КОК бр. 3/19 од обвинителството означен како „Талир“ на 3 септември 2021 год. во 10:00 часот,
КОК бр. 64/17 од обвинителството означен како „Тендери“ на 6 септември во 10:00 часот.
За што веќе се известени странките во постапката.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.