СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  01.6.2023
Заради интерес на повеќе медиуми околу определни мерки за претпазливост, а поврзани со конкретен настан, ја информираме јавноста дека Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје на 31.05.2023 година, постапувајќи по предлог на ОЈО – Скопје, го прифати предлогот и на едно лице му определи мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Убиство од чл. 123 од КЗ.

Со оглед да се работи за истражна постапка за сите останати детали надлежно е јавното обвинителство, а како суд сакаме да ги демантираме наводите во одредени портали дека информацијата за поврзаноста на кривичното дело со конкретен настан, е прибавена од судот.

Кривичниот суд, согласно заложбите за транспарентност и отчетност останува отворен за соработка со медиумите и ги објавува сите информации кои се во надлежност на судот, а кои се однесуваат на постапки и настани од јавен интерес. Но, мора да се има предвид дека со објавуање на непотврдени и непроверени информации, освен што може да се наштети на истрагата истовремено се отвара сомнеж и во постапувањето на судските служби кои работат по стрикни протоколи за заштита на податоците.

Со почит Основен кривичен суд Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_