СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Соопштенија за јавност
|
24.1.2022
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека на денешната главна расправа по предметот со КОК .бр 57/17 од обвинителството означен како „Топлик“ беше завршена и затворена доказната постапка по што судечкиот совет насорчи расправа на 09.02.2022 година од 10:00 часот за давање на завршните зборови на странките во постапката.
Воедно, судот ја информира јавноста дека за предметот со КОК бр. 138/21 против четворица обвинети за кривични дела поврзани со набавка на автобуси за јавен превоз, насрочена е расправа на 03.02.2022 година во 10:00 часот за што веќе се известени странките во постапката.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.