СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Risi
|
29 Dhj 2023
Основниот кривичен суд Скопје во соработка со Коалиција „Сите за правично судење“ успешно го заврши третиот по ред проект за анонимизирање судски пресуди на Кривичниот суд. Проектот за ангажирање 5 надворешни практиканти - анонимизирачи, кои од мај годинава ги анонимизираа правосилните и неправосилните пресуди на судот кои се од јавен интерес, заврши со над 3000 анонимизирани пресуди објавени на порталот sud.mk – одлуки на судови, а со цел збогатување на судската пракса и поголема достапност на судските одлуки за јавноста.
Меѓу анонимизираните пресуди е и правосилната одлука за случувањата на 27 – април во Собранието на РСМ, достапна на следниот линк:
Проектот беше спроведен трета година по ред, а е финансиарн од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, со што покрај анонимизирање на пресуди, судот на 5 нови млади правници им овозможи практична работа во судот во склоп на заложбите на судот за поголема отвореност кон студентите по право и соработка со Невладиниот сектор и Меѓународните организации во земјата.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.