ИНТЕРЕН ОГЛАС БР. 1/2023 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ИНТЕРЕН ОГЛАС БР. 1/2023

Соопштенија за јавност  |  13.12.2023
ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ објавува ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2023 За кариерно унапредување на 10 судски службеници

Република Северна Македонија

ОСНОВЕН КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ

Су-04-110/23

12.12.2023 година

С к о п ј е

 

Врз основа на член 20 и член 39 од Законот за судска служба („Сл.весник на РМ“ бр.43/2014, 33/2015, 98/2015, 06/2016, 198/2018, 248/2018 и „Сл.весник на РСМ“ бр.235/2022), Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, формата, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работно место за кои е објавен интерниот оглас, („Службен весник на РСМ“ бр.275/20), Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Основен кривичен суд Скопје Су-02-17/19 од 07.02.2019 година Су-02-169/21 од 04.11.2021 година и Су-02-129/22 од 22.09.2022 година), како и известувањето од Министерството за финансии на РСМ, број 18-11816/2 oд 05.12.2023 година и издадената согласност за пополнување на слободни работни места преку објавување на интерен оглас (кариерно унапредување) бр.08-371/6 од 11.12.2023 година од Судски буџетски совет

 

ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ

објавува

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2023

За кариерно унапредување на 10 судски службеници

 

  1. Категорија В, ниво В – 1, шифра СУД0101В01002

-Судски советник - 4 извршители

 

Услови за вршење на работите:

Најмалку 300 кредити стекнати според ЕКТС-Правен факултет или завршен VII/I степен Правен факултет и положен правосуден испит,

Најмалку 3-три години работно искуство во струката

 

Кандидатите, покрај горенаведените услови, потребно е да ги исполнуваат и посебните работни компетенции:

Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени со актот за систематизација на работните места за соодветното работно место, согласно со член 3 од Закон за изменување и дополнување на законот за судска служба (Сл.весник на РМ бр.198/2018)

 

Работни часови неделно 40 часа

Работно време - почеток на работно време 7,30 часот, крај на работно време 15,30 часот Работни денови од понеделник до петок Нето плата 36.619,00 денари

 

  1. Категорија В, ниво В-2, шифра СУД0101В02001

Виш судски соработник - 2 извршители

 

Услови за вршење на работите:

Најмалку 300 кредити според ЕКТС-Правен факултет или завршен VII/I степен Правен факултет и положен правосуден испит

Најмалку 2-две години работно искуство во струката

 

Кандидатите, покрај горенаведените услови, потребно е да ги исполнуваат и посебните работни компетенции:

-Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени со актот за систематизација на работните места за соодветното работно место, согласно со член 4 од Закон за изменување и дополнување на законот за судска служба (Сл.в. на РМ бр.198/2018)

 

Работни часови неделно 40 часа

Работно време - почеток на работно време 7,30 часот, крај на работно време 15,30 часот Работни денови од понеделник до петок

Нето плата 34.346,00 денари

 

  1. Категорија Г, ниво Г-1, шифра СУД0101Г01001

Самостоен судски референт – водител на писарница - 2 извршители

 

Услови за вршење на работите:

Најмалку више или средно образование

Најмалку 3-три години работно искуство во струката

 

Кандидатите, покрај горенаведените услови, потребно е да ги исполнуваат и посебните работни компетенции:

-Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени со актот за систематизација на работните места за соодветното работно место, согласно со член 4 од Закон за изменување и дополнување на законот за судска служба (Сл.в. на РМ бр.198/2018)

 

Работни часови неделно 40 часа

Работно време - почеток на работно време 7,30 часот, крај на работно време 15,30 часот Работни денови од понеделник до петок

Нето плата 24.246,00 денари

 

  1. Категорија Г, ниво Г-2, шифра СУД0101Г02001

Виш судски референт – извршител во писарница - 2 извршители

 

Услови за вршење на работите:

Најмалку више или средно образование

Најмалку 2-две години работно искуство во струката

 

Кандидатите, покрај горенаведените услови, потребно е да ги исполнуваат и посебните работни компетенции:

-Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени со актот за систематизација на работните места за соодветното работно место, согласно со член 4 од Закон за изменување и дополнување на законот за судска служба (Сл.в. на РМ бр.198/2018)

 

Работни часови неделно 40 часа

Работно време - почеток на работно време 7,30 часот, крај на работно време 15,30 часот Работни денови од понеделник до петок

Нето плата 23.136,00 денари

 

Кандидатите се должни да поднесат пријава за унапредување и да ги приложат доказите за исполнување на посебните услови, како и докази за исполнување на посебните работни компетенции, и тоа:

− уверение за завршено соодветно образование, во оригинал или копија заверена на нотар

− доказ за работно искуство

- сертификат или уверение како доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски), во оригинал или копија заверена на нотар и

− диплома, сертификат или уверение како доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, во оригинал или копија заверена на нотар

 

Кон пријавата, кандидатите можат да ги приложат во скенирана форма и следните докази:

-потврди за успешно реализирани обуки како посетител/обучувач, не постари од 5 години, и/или

-потврди за успешно реализирано менторство, како ментор/менториран.

 

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пополнетата пријава во писмена форма и доказите за податоците содржани во пријавата, кандидатите се должни преку приемната писарница да ја достават до Комисијата за селекција за унапредување. Пријавата за унапредување може да се најде електронски на веб страната на судот или да се подигне од приемната писарница на судот.

 

Рокот за поднесување на пријавите е 5 (пет) дена сметано од денот на објавување на огласот на веб страната на судот.

 

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавување.

 

Напомена: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата ќе се дисквалификува од понатамошна постапка.

 

Постапката за селекција и унапредување ќе биде спроведена согласно Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, формата, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работно место за кои е објавен интерниот оглас, („Службен весник“ на РСМ бр.275/20).

 

На интерниот оглас може да се јави судски службеник вработен во Основен кривичен суд Скопје, кој ги исполнува посебните услови за пополнување на работното место за соодветното ниво пропишани со Законот за судска служба и Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Основен кривичен суд Скопје, како и условите предвидени во член 39 став 5 од Законот за судска служба и тоа:

      -да е оценет со оцена „особено се истакнува“ или „се истакнува“ при последното оценување,

      -да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,

      -да поминал најмалку две години на работно место на кое е распореден,

      -да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

 

Времето и датумот на одржување на административната селекција и интервју ќе бидат објавени на веб страната на судот.

 

ПРИЛОГ - пријава

http://www.vsrm.mk/wps/wcm/connect/osskopje1/382dc973-1c49-4379-8041-3d3c96f9...

                                                                                                    Судски администратор

                                                                                     на Основен кривичен суд Скопје

                                                                                                  Дејан Нешовски

     

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_