СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Заради интерес на медиумите кои ја следат главната расправа по предметот со КОК бр. 7/18, во јавноста познат како „Титаник“, ја информираме јавноста дека главните расправи закажани за 22.03.2021 и 29.03.2021 година ќе се одложат поради издадено решение за изолација член на судечкиот совет. Судот ги одреди следните термини за продолжување на главната расправа по предметот КОК.бр.7/18 во текот на месец април, за деновите: 05.04, 09.04, 12.04, 14.04, 16.04, 18.04, 21.04, 26.04 и 28.04.2021 година.
Заради интерес на медиумите кои ја следат главната расправа по предметот со КОК бр. 64/17, во јавноста познат како „Тендери“, ја информираме јавноста дека главната расправа закажана за 22.03.2021 година ќе се одложи поради издадено решение за изолација на член на судечкиот совет. Наредната главна расправа е закажана за 06.04.2021 година.
Заради интерес на медиумите кои ја следат главната расправа по предметот со КОК бр. 53/17, во јавноста познат како „ТНТ“, ја информираме јавноста дека главната расправа закажана за 24.03.2021 година ќе се одложи поради издадено решение за изолација на член на судечкиот совет.