СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  18.10.2021
Основниот кривичен суд Скопје, во правец на заложбите за отчетно и транспарентно работење, ја информира јавноста дека, согласно бројот на активни предмети во работа во одделите на судот како и во Одделението за Организиран криминал и корупција, како и бројот на судии кои постапуваат по предметите, со одлука на Претседателот на судот направена е промена во годишниот распоред за работа на судиите.

Па така, судијата Фанка Јанчулева Михаиловска од Одделот Кривично полнолетни е распределена да постапува во Одделението за Организиран криминал и корупција, со што ќе ја превзема римската ознака, односно предметите по кои досега постапуваше судијата Владимир Туфегџиќ, кој беше разрешен по негово барање. Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ги следат главните расправи, ја информираме јавноста дека меѓи предметите кои ги презема новиот судија во одделението се и предметот со КОК бр. 30/20 познат како „Шпански скали“ за кој расправата е насрочена за 20.10.2021 година во 10:00 часот, како и предметот со КОК бр. 65/21, познат како „Еразмус“ за кој расправата е насрочена за 02.11.2021 година во 11:00 часот, за што странките се веќе известени.

За сите останати предмети кои се од јавен интерес и кои ги следат медиумите и невладините организации, веднаш штом ќе бидат насрочени ќе бидат објавени на веб страната на судот во делот календар за судење.

Со почит Основен кривичен суд Скопје.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_