СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  06.11.2023
Во однос на медиумските известувања поврзани со жалбената постапка во Апелациониот суд Скопје за предметот со КОК бр. 53/17, од обвинителството означен како „Т.Н.Т.“, како и соопштението на Второстепениот суд, ја известуваме јавноста дека:

Неспорен факт е дека Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по жалбите против пресудата за предметот со КОК 53/17 на 11.07.2023 година административно го вратил предметот во Кривичниот суд Скопје со барање за исправка на технички неусогласености во писмениот дел.

Со оглед да се работи за период на судска ферија, а имајќи предвид дека судечкиот судија кој постапувал по предметот во меѓувреме почина, па неговите предмети беа прераспределени кај дург судија, постапувајќи по барањето, Кривичниот суд изготви решение за исправка и истото, на 12.09.2023 година, заедно со сите списи на предметот го вратил на повторно одлучување во Апелациониот суд.

Ја известуваме јавноста дека првично уште на 30.11.2022 година, предметот е доставен на второстепено одлучување во Апелациониот суд Скопје, за што ги информиравме и претставниците на медиумите на редовниот брифинг.

За периодот од 8 месеци пред истиот да биде административно вратен со барање за исправка, како и за период откако решението за исправка заедно со списите од предметот биле доставени на Апелациониот суд Скопје, како суд неможе да знаеме што се случувало и зошто не било одлучувано.

Основниот кривичен суд Скопје неколку пати ја истакна потребата за мериторно одлучување на Второстепениот суд при жалбени постапки, особено за предметите од јавен интерес како единствен начин за постигнување на начелото за судење во разумен рок, но и економичност и ефикасност на постапките.

Со почит Основен кривичен суд Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_