Дамева: Интегритетот е најважен за враќање на довербата во судството [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Дамева: Интегритетот е најважен за враќање на довербата во судството

Соопштенија за јавност  |  12.1.2024

 

Претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Весна Дамева  денес присуствуваше  на  презентацијата на Националниот систем  на интегритет, што се одржа  во организација на Транспаренски Интнтернешнл –Македонија  во рамките на  проектот „ЕУ4 Владеење на  правото: Граѓански  ангажман  за јавен интегритет (ЦЕПИ)  во Западен Балкан и Турција“ , финансиран  од  Европската унија  и Владата  на Швајцарија.

Националниот  систем за интегритет  се однесува на 15  столбови  кои ги опфаќаат главните институции кои се дел од системот  за борбата против корупцијата. Секој од  15-те столбови  е оценет од три димензии што се клучни за спречување  корупција.

Еден од посочените столбови беше  и судството, за  кое беа дадени параметри  во однос на ресурсите, независноста, транспарентноста, одговорноста,  интегритетот,а дел од препораките се однесуваа  на обврските што треба да ги преземат Судскиот совет и Врховниот суд во борбата против корупцијата.

 Претседателката Дамева во своето обраќање  кажа дека дел од препораките  за судството се веќе  имплементирани, но како особено важна ја  нагласи  потребата од   зголемен интегритет  на судиите и на членовите на Судскиот совет, што е неопходно  за враќање на доверебата на една од трите власти-судската.