Основниот кривичен суд Скопје во соработка со Коалиција „Сите за правично судење“ успешно го заврши третиот по ред проект за анонимизирање судски пресуди на Кривичниот суд. Проектот за ангажирање 5 надворешни практиканти - анонимизирачи, кои од мај годинава ги анонимизираа правосилните и неправосилните пресуди на судот кои се од јавен интерес, заврши со над 3000 анонимизирани пресуди објавени на порталот sud.mk – одлуки на судови, а со цел збогатување на судската пракса и поголема достапност на судските одлуки за јавноста.
[повеќе]
Соопштенија за јавност
| 25.12.2023 | Основен суд Скопје I
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судoт, ја информираме јавноста дека главната расправа за предметот со К.бр. 2616/20, познат како „Моќник“ насрочена за утре, 26.12.2023 година, се одлага по барање на надлежниот Јавен обвинител.
[повеќе]
Соопштенија за јавност
| 21.12.2023 | Основен суд Скопје I
Основниот кривичен суд Скопје, утре 22.12.2023 година во 13:00 часот организира комеморација за поранешниот судија на Кривичниот суд – Милан Доганџиски кој на 18 декември замина во вечното почивалиште.
[повеќе]
Соопштенија за јавност
| 13.12.2023 | Основен суд Скопје I
Учениците од четврта година при СУГС „Цветан Димов“ од Скопје , денеска остварија факултативна посета на Основниот кривичен суд Скопје, во рамки на програмата за запознавање со работата на државните и правосудни институции во земјата.
[повеќе]
Соопштенија за јавност
| 06.12.2023 | Основен суд Скопје I
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје за определување мерки притвор против 4 лица кои во текот на вчерашниот ден беа спроведени во судот, а поврзани со грабнувањето и убиството на малолетната В.Ѓ. од Скопје и убиството на велешанецот П.Ж., ценејќи ги приложените факти и исказите на обвинетите во однос на предлогот за притвор донесе решенија со кои го прифати предлогот на Јавниот обвинител.
[повеќе]